ПЗУ БЕЛА ФАРМ прифаќа рекламации за производите доколку.
-производот го примите во неисправна или оштетена состојба,
-сте добиле грешно испорачан производ различен од нарачаниот.
Рефундацијата на парите се врши со претходно приложување на фотографија на производот што е неисправен или оштетен во рок од 1-3 работни дена од моментот на примање на нарачката. Производот треба да биде вратен во оригиналното пакување за рефундацијата да биде извршена.
Рефундацијата не е во сила доколку производот бил отворен и почнат да се користи.
ПЗУ БЕЛА ФАРМ ги штити Вашите лични податоци согласно законските прописи
За успешна обработка на нарачките и навремена испорака на производите, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса за доставување, е-маил адреса и број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката. ПЗУ БЕЛА ФАРМ се обврзува дека ќе ја чува приватноста на сите наши купувачи.. Сите податоци за купувачите/корисниците строго се чуваат и достапни се само на вработените на кои им се потребни за исполнување на редовните работни активности. Сите вработени во ПЗУ БЕЛА ФАРМ се обврзани да ги почитуваат начелата за заштита на приватноста.
Вашите лични податоци како што се име и презиме,единствен матичен број, број на здравствена легитимација, ЕЗБО, даночен број, адреса, е-маил адреса, телефонски број како и информации за производите и услуги што ги користите од ПЗУ БЕЛА ФАРМ не смее да се споделуваат и издаваат и истите остануваат во рамките на ПЗУ БЕЛА ФАРМ. Вашите податоци може да бидат собрани, анализирани и да се користат само
- за подобрување на услугата и достапноста на страницата и веб продавницата belafarm.mk
- за писмени или електронски комуникација со Вас
-испраќање известувања за нови промотивни пакети, производи или услуги а, кои доколку не сакате да ги добивате може да ги откажетесо соодветно известување.
-обработка на лични податоци од страна на партнери од доверба кои се соработници на belafarm.mk со кои имаме склучено Договори за сигурност и тајност на податоци кои ги користат податоците стриктно за услугите што се пропишани во тој Договор.
ПЗУ БЕЛА ФАРМ ќе побара согласност под Вас за било каква потреба од давање на обработка на податоци од друго правно лице.
Строго доверливите податоци се заштитени со SSL сертификатот кој го поседува ПЗУ БЕЛА ФАРМ
Цена на услуга за достава на производи на територија на град Кавадарци и Неготино чини 50 ден за нарачки до 500 ден, а за нарачки над 500 ден доставата е бесплатна.
На ниво на територија на цела држава вклучувајќи и градови и села испораката се одвива со сервис за достава и испорака на пратки- цена на услуга за достава е 150 ден а за нарачки над 3000 ден доставата е бесплатна.
– Испораката на производите се врши до влезот на станбениот објект.
– Трошоците за достава се вклучуваат при нарачката во крајната цена на производот.
– Испорака се врши секој ден, освен на државни празници и неработни денови.
– Испораката на производите се врши на адресата наведена за испорака од страна на купувачот.
– Производот што ќе биде порачан може да се плати електронски со картичка или сумата да се наплати при достава.
ПЗУ БЕЛА ФАРМ го задржува правото за промена на политика за испорака.